Следната недела, два лабрадори и кокер шпаниел ќе почнат да душкаат 700 лица со цел да ги препознаат молекулите од мирисот кои луѓето ги испуштаат пред развојот на Паркинсонова болест.
Тимот составен од луѓе и кучиња е соработка помеѓу Универзитетот во Манчестер и добротворната организација за кучиња и медицински откритија. Три кучиња ќе душкаат, а научниците ќе користат спектрометар за да ги идентификуваат молекулите кои одредуваат мирис на Паркинсонова болест. Секоја молекула ќе им се даде на кучињата на мирисање, се додека тимот не го пронајде бараниот примерок.
Врската помеѓу одреден мирис и невродегенеративните болести е воспоставена пред неколку години благодарение на Joy Milne, жената од Шкотска која поседува неверојатно оштро чувство за мирис.Нејзините вештини се тестирани во лабораторија, каде што добила маици од шест заболени лица, и шест здрави. Таа истакнала дека седум од нив имале специфичен мирис и била во право – осум месеци подоцна седумте лица се здобиле со Паркинсонова болест.
Во моментов, научниците не знаат точно кои молекули се одговорни за одреден мирис кој жената може да ги открие. Излачувањето на кожата се состои од повеќе од 9000 различни молекули и затоа е тешко да се одреди спецификација. Затоа на сцената настапуваат кучињата.
Кучињата се користат за медицински истражувања повеќе од една деценија, а постои и сеопфатна литература која ја поддржува способноста на кучињата да дијагностицираат некои болести. Околу 30 отсто од нивниот мозок е посветен на анализа на мириси, што ги прави 40 отсто поспособни во истото од нас.
Кучињата имаат 300 милиони рецептори за мирис, што е многу повеќе од петте милиони човечки. Експертите се надеваат дека ова истражување ќе вроди плод.