Во Лондон се отвора првиот Центар за лечење на зависници од видеоигри

СПОДЕЛИ

Во Лондон се отвора Центар за зависници од видеоигри, откако пред речиси еден месец Светската здравствена организација (СЗО) ја призна оваа зависност како ментална болест.

Центарот својот фокус ќе го насочи кон опседнатост со гејминг, но со план да ги прошири своите услуги за други зависности кои се поврзани со интернетот. Тоа ќе биде место за третман и истражување, како и советувалиште за родителите.

Според директорот на Одделението за ментално здравје при СЗО, ова нарушување мора да се класифицира како ново заболување, на основа на научни докази, и на основа на тоа дека лекари од многу делови на светот укажуваат на потребата нарушувањето соодветно да се лекува.

Целиот проект е финансиран од националната здравствена служба, како и од различни донатори и организации.

Инаку, повеќе држави веќе ја идентификуваа оваа зависност како голем здравствен проблем. Експертите за зависност, организациите и родителите стануваат се позагрижени за количината на време кое нивните деца го поминуваат во играње онлајн игри.

Извор: Радио МОФ

Дискусија

Коментари