Излечен вториот пациент од ХИВ во историјата!

СПОДЕЛИ

Извештајот, објавен во списанието Nature покажа дека има втор случај на пациент кој покажал одржлива ремисија од ХИВ-1. Некои научници сметаат дека пациентот се излекувал од вирусната инфекција од која се заболени речиси 37 милиони луѓе ширум светот.

Како што пишува The Washington Post, после случајот на Тимоти Браун, попознат како берлинскиот пациент, кој беше излечен од ХИВ со сличен метод на трансплатација на матични клетки, ова дефинитивно е втор случај гој ги поттикнува научниците да го истражуваат лекот. Пациентот од Лондон е во ремисија 18 месеци откако почнал да прима антиретровирусна терапија.

Лондонскиот пациент, кој е инфициран со ХИВ и пати од Хоџкинова болест, добил матични клетки од коскена срж од донатор кој имал CCR5 со грешка, како дел неговото лекување од рак. Тој ген произведува протеин кој е нужен за ХИВ вирусот да ги нападне крвните клетки.

Браун, исто така добил трансплатација без функционални CCR5 гени.

CCR5 генот стана познат кога еден кинески научник се обиде да уреди човечки ембриони за да создаде бебиња, имуни на ХИВ. Истражувањето се прозва за неетичко, и со користење на застарена технологија медицински непотребно бидејќи постојат други начини кои ветуваат во обидите да се излечи ХИВ вирусот.

Сепак, научниците се надеваат дека со “гасење” на CCR5 гените ќе дојдеме до почетокот на крајот на ХИВ вирусот, бидејќи на тој начин ќе се лекуваат заболените.

“Мислам дека научивме како да пронајдеме мерлив, исплатлив и ефикасен лек премногу тешко. Нема да биде лесно, ниту брзо, но мислам дека се која година сме се поблиску до ултимативната цел, и се надевам дека случаите како овој ќе продолжат да ја мотивираат научната заедница”, вели Тимоти Хенрих, специјалист за инфективни болести при Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ