Во Перу пронајдена гробница на племе од периодот на Инките

Перуанските археолози откриле гробница од периодот на Инките, во која судејќи според експертите е закопано лице од повисокиот сталеж.

Откритието е пронајдено на археолошкото наоѓалиште Мата Индио во северо-западната провинција Ламбајеке.

Археологот Луис Черо вели дека гробницата има “единствена архитектура” и дека значењето на починатиот е препознаено по најдената морска школка, која во времето на царството на Инките, од 12-16 век, бил симбол на престиж.
Оваа гробница била посетувана и порано, но не од страна на научници, туку од ловци на богатство.

“Тука во два наврати се случуваше грабеж. Прв пат во колонијалното време, кога тогашните власти давале дозвола за грабеж или ископување на метали, кои очигледно му припаѓале на покојниот, а вториот пат се случил пред 50 години, кога гробницата повторно е отворена и е уништено она што останало”, вели Черо.

Сепак, археолозите пронашле неколку предмети, како што се вази и садови кои се карактеристични за Инките.

“Ова откритие ја претставува важноста на локалитетот”, вели Черо.

Локалитетот Мато Индио се наоѓа на околу 2 000 километри од Куско, престолнината на царството на Инките, кое некогаш се простирало од југот на Колумбија до централно Чиле.

Поддржете ја нашата работа: