Во пештери откриени ДНК траги од изумрен вид на луѓе

Истражувачите од Шпанскиот природонаучен музеј во Мадрид во седиментните карпи од неколку различни пештери откриле  генетски материјал од неандерталци.

И покрај тоа што скелетите на овие праисториски луѓе не се зачувани, научниците собрале примероци од нивната митохондријална ДНК (генетски материјал од клеточните митохондрии), кои се испратени на понатамошна лабораториска анализа.

„Овој труд претставува голем научен пробив. Сега можеме прецизно да кажеме која врста на хоминиди ги населувала пештерите и на кое посебно стратиграфско ниво, дури и без присуство на скелетни остатоци“- изјавил професорот Антонио Росас

Според експертите примероците се стари помеѓу 14.000 и 550.000 години.

Во пештерите се откриени и ДНК остатоци од бројни изумрени животински видови, како волнениот мамут, волнениот носорог, пештерската мечка и пештерска хиена.

Ова откритие доаѓа откако во седиментите во пештерата Денисова во Русија, се пронајдени нови остатоци од Денисовани– пештерска подврста на Хомо сапиенс, кои живееле во периодот на палеолитот.

Шпанскиот тим истражувањата ги вршел во соработка со експерти од Белгија, Франција, Русија и Хрватска.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието  „Science“.

Поддржете ја нашата работа: