Меѓународната вселенска станица вчера сними 2 урагани над Тихиот Океан и еден над Атланскиот.

3-те урагани наречени „Lester“ „Madeline“ и „Gaston“ иако се раздалечени илјадници километри еден од друг оддаваат морничава слика за силата на планетата Земја.

Ветровите во сите три урагани дуваат со брзини до 200км/ч носејќи со себе огромна разорна енергија (замислете да се возите во автомобил со 200км/ч и да пробате да излезете надвор) која за среќа се наоѓа врз големите океани.

Ова е за прв пат Меѓународната вселенска станица да фотографира волку големи урагани во ист ден.

Поддржете ја нашата работа: