Вселенскиот брод на НАСА можеби открил џиновски ѕид на работ од Сончевиот систем

Вселенскиот брод на НАСА New horizons им помогна на научниците при проучувањето на мистериозниот феномен на работ на Сончевиот систем, каде честичките од Сонцето и меѓуѕвездениот простор имаат интеракција.

Оваа област, која е околу сто пати оддалечена од Сонцето, е место каде атомите на водород од меѓуѕвездениот простор се сретнуваат со честички со набој од нашето Сонце, кои се шират во еден балон, наречен хелиосфера.

На местото каде овие два вида на честички доаѓаат во контакт, наречено хелиопауза, се смета дека доаѓа до претрупување со водород од меѓуѕвездениот простор. Тоа создава некој вид на ѕид, кој ја расфрла престојната ултравиолетова светлина.

Пред триесетина години, вселенските летала на НАСА “Војаџер 1” и “Војаџер 2” за прв пат го детектираа тој ѕид, а сега “New Horizons” најде нови докази за него.

“Гледаме дека постои праг помеѓу сончевото соседство и остатокот од галаксијата” вели Д-р. Лесли Јанг, еден од ко-авторите на истражувањето за Science News.

New Horizons го идентификувал ѕидот користејќи го ултравиолетовиот спектрометар Алис, со кој се вршеа мерења од 2007ма до 2017та година. Имено, откриен е ултравиолетов сјај, познат како Lyman-alfa, линија која настанува кога сончевите честички ќе ги погодат атомите на водородот.

Овој ултравиолетов сјај се забележува ширум Сончевиот систем. Но, на хелиопаузата изгледа дека постои и додатен извор кој создава ѕид составен од водород чиј е виновник за посилниот сјај. Позади ѕидот има повеќе ултравиолетов сјај отколку однапред, што значи дека ѕидот ја распрскува светлината на поголема површина.

Оваа теорија сепак не е дефинитивна, и можно е некој друг извор на ултравиолетова светлина да предизвикува позадински сјај во нашата галаксија. За да бидеме сигурни, New Horizons ќе продолжи да го набљудува ѕидот два пати годишно.

Во еден момент New Horizons и ќе го помине ѕидот, доколку воопшто постои, па количината на ултравиолетовата светлина ќе се намали. Тоа ќе понуди некои додатни докази за тоа дали ѕидот е таму.

Војаџер 1 и 2 веќе го поминале ѕидот и повеќе не можат да бидат набљудувачи. Но New Horizons само 42 пати е оддалечен од Сонцето отколку Земјата, што е оддалеченост за која му требало 12 години, а сега се движи кон истражување на нови мети под името Ultima Thule, откако во 2015та година прелета покрај Плутон.

Доколку проценките се покажат како точни до крајот на мисијата, тогаш сигурно ќе знаеме дали ѕидот навистина постои или не.

Поддржете ја нашата работа: