WasteEDU со тридневен зелен камп на тема “Го цениме животот” во Р. Бугарија

 Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот

 

На 27 до 29 октомври 2017 година во хотелот “Валентино” Добриниште, Република Бугарија ќе се одржи тридневниот зелен камп на тема “Го цениме животот”.

Зелениот камп е организиран во рамките на проектот “Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и квалитетот на животот – WasteEDU “, и е имплементиран од страна на Алијансата на производители на еколошка енергија – BG и Центар за климатски промени – Гевгелија. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија.

Главната цел на зелениот камп е да се подигне свеста и знаењето на учениците од основното образование во прекуграничната област на Р. Бугарија и Р.Македонија за правилно и ефикасно управување со отпадот. Настанот има за цел да обезбеди и директно учество на учениците во проектните активности.

За време на зелениот камп, учениците ќе учат и дискутираат за управување со отпадот, заштита на животната средина и како да се постигне подобар квалитет на живот преку разни методи, како што се презентации, едукативни филмови, креативни активности и активности во природата. Покрај тоа, на зелениот камп ќе биде презентиран интерактивен модел на енергетска независна куќа. Зелениот камп е прекрасна можност за учениците да научат, откријат нови способности и таленти, да развиваат вештини, да работа во тим, да се забавуваат и да создаваат нови пријателства во една поинкава средина од училницата. Училницата ќе ја замениме со природа.

На зелениот камп ќе учествуваат вкупно 30 ученици од основно образование – 15 ученици од Р. Бугарија и 15 ученици од Р. Македонија. Храната и трошоците за сместување ќе бидат покриени од страна на организаторот на настанот – Сојуз на производители за еколошка енергија – BG.

Подетални информации за проектот може да се прочитаат на интернет порталот на проектот www.waste-edu.eu.

Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија

Оваа публикација е остварена со помош на Европската Унија. За содржината на оваа публикација одговорност носи исклучиво ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија и не може во никој случај да го одразува ставот на Европската Унија.