Забележан е волфин – редок хибрид на кит и делфин

Научниците забележале редок хибрид на кит и делфин, кој бил снимен во океанските води покрај брегот на Хаваи. Засега овој мутант е наречен волфин.

Иако медиумите оваа вест ја пренесуваат нарекувајќи го животното волфин, збор кој доаѓа од комбинација на англиските два збора пола кит, пола делфин, еден од хавајските научници истакнува дека овој назив и нема многу смисла.

„Да го наречете волфин нема никаква смисла. Тоа ја прави ситуацијата уште поконфузна“, вели Робин Берд, биологот кој го истражува животинскиот свет на Хаваи.

Во студијата која е објавена минатата недела, научниците напоменуваат дека ова ретко животно е воочено во близина на брегот Кауаи во август минатата година.

Научниците го следеле овој невообичаен хибрид вкупно 14 дена за време на неговиот пат, долг 1280 километри со делфинска група. Тоа е само третата копија од семејството на делфини, мешано со друго животно.

Името “wholphin” за прв пат беше користено во 1985 година во Хаваискиот Sea Life парк. Тогашниот хибрид – мешанец од кит и атлантски питом делфин е наречен Кекаимал. Кекаимал е претставен и на сите слики во овој текст.

Кекаимал и денес живее во голем аквариум во Хаваи. Познато е дека постои уше еден таков хибрид, кој бил роден во Јапонија 1981 година, но по неколку месеци починал.

Научниците веруваат дека кит мажјак се одвоил од својата група, па се придружил во групата на делфини. Хибридот не се знае колку е стар, но се претпоставува дека е возрасен примерок.

Кустосот на големиот аквариум во Хаваи “Sea Life” е возбуден поради овие вести. “Отсекогаш верував дека вакво животно постои некаде во длабоките води, а ова само ја докажува генетската различност во океаните”.

Поддржете ја нашата работа: