Пронајден фосил на кит со четири нозе стар 43 милиони години

Фосил на кит со четири нозе кој е стар 43 милиони години е пронајден во Перу.

Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри биле прилагодени за живот и во вода и на копно.

Со четири екстремитети и способност да се носат со својата тежина овој кит анатомски е споредлив со видра или дабар.

Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да го олесни разбирањето за еволуцијата на китовите и начинот на кој се размножувале.

“Ова е најкомплетниот примерок од пронајден кит со четири нозе во историјата”, вели Оливие Ламбер, научник од белгискиот институт за природни науки.

Древниот кит е пронајден во морските седименти во близина на брегот на Пацификот, на местото Плаја Медиа Луна.

Се смета дека првите китови за прв пат еволуирале во јужна Азија пред околу 50 милиони години. Како што нивните тела повеќе одговарале за живот во вода, мигрирале кон северна Африка и Америка, каде исто така се пронајдени фосили.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt