Започнува ерата на ласерското војување: Новото оружје на американската војска

Locheed Martin го заврши проектрањето, развојот и демонстрацијата на својот 60 kW состав за ласерско оружје, кој наскоро ќе и биде доставен на војската на САД.

Системот е платформа монтирана на возилото кое ќе се користи за одбрана на копнени цели од дронови и артилериско ракетни напади. Најновиот проект на Locheed Martin за ова решение се темели на раните концепти, замислени под иницијатива за силен електричен ласер на Американското министерство за одбрана.

Locheed Martin го објави ова после еден месец од довршената серија од тестирања на овој ласерски систем. Претставниците на компанијата велат дека дошле до важна точка, која ги носи значително поблиску до местото на испорака на вооружените сили, пренесува UPI.

“Предавањето на овој ласер претставува важна точка на патот до практичната употреба на системот за ласерско оружје”, изјави Пол Хартли од Locheed Martin.

Овој ласер користи комбинација од повеже светлосни извори низ едно светлосно влакно со цел да се произведе поинтензивен и посилен ласерски зрак.

“Успеавме да покажеме дека моќна директна ласерска енергија сега може да се произведе со доволна мала тежина и димензии, а воедно да биде и доволно сигурна за да може да се вгради на тактички возила за дефанзивни потребни на земјата, морето и воздухот. Ваквиот зрак е блиску до лимитот на дифракција, што всушност значи дека ваков одбрамбен систем го достигнува физичкиот лимит на ласерската технологија да концентрира зраци низ една точка ”, објаснува Д-р Роберт Афзал.

Поддржете ја нашата работа: