Запознајте ги: Луѓето со најздраво срце

Едно ново истражување , што беше објавено во списанието  „Lanset” , покажува дека членовите на племето Чимане (Tsimane) во Боливија имаат  најмал процент на кардиоваскуларни зaболувања од било која  друга популација во светот што  досега е испитувана.

Народот Чимене има околи 16.000 луѓе кои ловат, ја обработуваат земјата и рибарат на  реката Маники во Амазонската прашума.

Нивниот начин на живот  има  сличности  со животот на нашите предци од пред илјадници години.

Научниците истакнуваат дека се свесни дека овој начин на живот не може да се преслика на  модерниот човек, но секако некои работи би можеле да се искористат. Најголем  проблем претставува физичката активност која е потоплно спротивна од навиките „за седење кај модерниот човек“.

Имено, членовите на ова племе  само десет проценти од времето преку ден не се физички активни, додека во останатиот свет се седи дури 54 проценти од времето.

Мажите од племето Чимане во просек прават 17.000 чекори дневно, додека жените 16.000 чекори. Дури и тие што имаат преку 60 години прават околу 15.000 чекори дневно. Од друга страна, најголемиот дел од луѓето во развиениот свет прават помалку од 10.000 чекори дневно.

Нивната исхрана во најголем дел (72%) се состои од јаглени хидрати(ориз, пченка, јаткасти плодови, овошје), а 14 проценти се протеини добиени од дивеч и риба. Останатите 14 процнти ги сочинуваат масти, односно само 38 грама дневно, вклучувајќи и 11 грама заситени масти, но без транс-маснотии.Пушењето е ектремно ретко.

„Животот на племето Чимане укажува на тоа дека исхраната без многу заситени масти, со доста намирници богати со јаглени хидрати и влакна, заедно со месо од дивеч и риба и особено висока физичка активност во текот на целиот ден, е вистинскиот рецепт за спречување на оштетувањата на коронарните крвни садови“- истакнува водачот на истражувачкиот тим професорот Хилард Каплан од Универзитетот во Мексико.

Научниците  извршиле мерење на количината на коронарниот артериски калциум (КАК), кој е јасен показател  за запушеноста на крвните садови и зголемени шанси за срцев удар.

Истражувачите направиле скенирање со компјутерска томографија на срцата на 705 члеови на ова племе. До 45-годишна возраст ниеден од нив немал наслаги од КАК , додека – за споредба, четвртина од нивните врсници во САД има вакви наслги.

До 75- годишна возраст две третини од луѓето  од племето Чимане имале целосно проодни крвни садови, за разлика од 80 проценти од Американците кои имаат знаци на КАК.

Треба да се напомене дека научниците сметаат  дека доброто здравје на овие луѓе, помалку е поврзано   со генетиката, а повеќе со начинот на живот, бидејќи кај луѓето  од  ова племе кои живеат  во селата каде доаѓа до промена и модернизација на  животот, веќе се забележува  повисоко ниво на холестерол.

 

Поддржете ја нашата работа: