Запознајте ја рибата-змеј – Најскапата риба во светот!

Азиската риба –змеј (Scleropages formosus) важи за најскапа и најпосакувана риба за домашните аквариуми, но во исто време е една од најзагрозените видови во светот.

Се наоѓа главно во езерата, длабоките делови од мочуриштата и реките во Камбоџа, Индонезија, Малезија,Тајланд и Виетнам. Расте до големина од околу 90 см.

Зошто луѓето ја посакуваат оваа риба за своите аквариуми?

Од 1970-тите години оваа риба е многу ценета на пазарот со аквариумски риби. Во некои азиски култури се смета дека таа носи среќа. Покрај ваквата културолошка вредност, рибата е и неверојатно убава. За разлика од другите риби, таа може да се најде во варијации на зелена, златна и црвена боја.

asian-arowana (1)

 

Колку е голема нелегалната трговија со овие риби?

Во обид да ги сподели возбудливите приказни за најпосакуваната риба на светот, авторката Емили Војт ја објави книгата „Змејот позади стакло: Вистнска приказна за моќта, опсесијата и најпосакуваната риба на светот“. Таа го опишува големиот бизнис со трговија со оваа риба, чија цена на црниот пазар достигнува од 150.000 до 300.000 долари. Се одгледува во строго чувани фарми во југоисточна Азија, а се продаваат и по неколку стотици илјади риби годишно.

asian-arowana

Каква е сегашната состојба?

Азиската риба-змеј главно се наоѓа во заробеништво, така што многу ретко може да се најде во нејзините природни живеалишта. Рибата е класифицирана како загрозен вид на црвената листа на МСЗП (Меѓународниот сојуз за заштита на природата).

„The New York Post“ објави дека иако рибата не може легално да се внесе во САД, црниот пазар на кој се продаваат овие риби е распространет од Њујорк до Лос Анџелес.

Поддржете ја нашата работа: