Една нова студија од страна на Универзитетот во Копенхаген, од одделот за исхрана, вежби и спорт, покажа дека исхраната базирана на мешунки, како грав и грашок, всушност повеќе ги задоволува потребите од храна отколку свинското и телешкото месо.
Истражувачите исто така откриле дека учесниците кои јаделе високо-протеински оброк како грав и грашок примиле 12 отсто помалку калории во нивниот следен оброк отколку тие што одбрале месо.
Истражувачите испитувале 43 млади луѓе на кои им послужиле три различни јадења во различни порции кои сочинувале грав и грашок, свинско месо и настрана говедско.
„Тоа е нешто спротивно од широкото распространето верување дека поединецот треба да конзумира поголема количина протеинска храна, доколку сака да биде сит подолго време” – вели професор Ен Рабен, за печатот од Универзитетот во Копенхаген.
„Сега нашата студија укажува на тоа дека со јадењето храна богата со растителни влакна, може да се постигне чувство на ситост исто како храна богата со протеини. Се додека студијата наложува повеќе истражувања за добивање на цврст доказ, се чини дека растителните оброци, особено оние базирани на грав и грашок, можат да послужат како долгорочна основа за губење на тежина и здрава навика на исхрана” – заклучи Рабен.
Покрај тоа, според соопштението за печатот од Универзитетот во Копенхаген, јадењето големи количества на протеини исто така помага при регулирање на телесната тежина и спречување на губењето на мускулна маса.