Жените психички потешко ја поднесуваат тежината од мажите

Прекумерната тежина е директно поврзана со депресијата, заклучоците се темелат на опсежни студии, а психолошкиот ефект врз жените е двојно потежок за разлика од мажите.

Научниците од Универзитетот Ексетер анализирале гени на 340.000 луѓе и утврдиле дека оние со висок индекс на телесна маса имаат поголема веројатност да страдаат од депресија.

На скалата на индексот на телесна маса, резултат 25 се смета за прекумерна тежина, а 30 значи дебелина. За секои дополнителни пет поени ризикот од депресија се зголемува за 11 проценти кај мажите и 23 проценти кај жените.

Д-р Џес Тајрел од Ексетер вели дека овие податоци се исклучително важни за напорите да се намали депресијата која на им отежнува на луѓето да ги прифатат навиките за здрав начин на живот. Има се повеќе и повеќе луѓе со прекумерна тежина, а употребата на антидепресиви се зголемува.

Поддржете ја нашата работа: