„Zoom“ го собори рекордот на „TikTok“ во бројот на преземања

ТикТок повеќе не е најпопуларната апликација. Нејзиното место го презеде Зум – апликацијата која се користи за видео конференциски состаноци.

Со развојот на пандемијата на Ковид-19, Зум преку ноќ прерасна во гигант и го собори рекордот за најмногу преземања на App Store во еден квартал. Зум преку iOS уредите доби речиси 94 милиони преземања од 1 април до 30 јуни, според статистиките на фирмата за мобилни аналитики Sensor Tower.

Преземањата на Зум доаѓале претежно од Индија, каде што корисниците ја инсталирале апликација 68 милиони пати, а во САД 41 милион пати.

Овој зачудувачки број го спушти едно место подолу претходниот носител на рекордот, ТикТок. Платформата за споделување видео, фаворит кај младите го постигна рекордот претходниот квартал со 67 милиони преземања на iOS.

Но, и двата случаи се импресивни сами по себе, бидејќи како што истакнуваат од Sensor Tower, ниту една апликација за мобилни телефони што не е игра досега не надминувала 50 милиони преземања за еден квартал.

Зум, ТикТок и Покемон Гоу се единствените апликации за мобилни телефони што достигнале над 300 милиони преземања во еден квартал.

Во однос на е-продавниците за преземање апликации, во вториот квартал води Гугл плеј со остварени 28,7 милијарди преземања, додека Епл има само 9,7 милијарда.

Поддржете ја нашата работа: