Запознајте ја „Skopje ZOO“ апликација

Онлајн билети, дигитална навигација и едукација за повеќе од 500 животни се  работите кои се достапни на новата насловена „Skopje ZOO“ која може бесплатно да се преземе преку „Play Store“ и „App Store“. Посетителите преку лансирањето на интерактивната апликација, како што се објаснува во најавата, ќе добијат сосема поинакво доживување преку технологијата.

„Една од главните карактеристики на апликацијата е што за прв пат ќе можат да се купуваат единечни или групни билети онлајн, што во време на препорачана социјална дистанца е повеќе од посакувана опција. Skopje ZOO апликацијата содржи и дигитална мапа за навигација, која откако ќе го изберете животното или објектот што сакате да го видите, ќе ви покаже рута како најлесно да стигнете до таму“, стои во соопштението за апликацијата.

Со апликацијата се овозможува и интерактивна едукација со податоци за животните, односно, ќе може да се скенира таблата со QR кодот кое се наоѓа пред секое животно, а со скенирањето ќе се прикажат информации за животното. За полесно снаоѓање, како што се посочува во соопштението, по категории се организирани повеќе од 500 животни од 83 видови.

Апликацијата која е достапна на три јазици е изработена од „Македонски Телеком“, а оттаму најавуваат дека во иднина се очекува таа да продолжи да се надградува со нови функционалности со кои корисниците, како што велат, ќе имаат можност за уште многу забавни и едукативни содржини.

Поддржете ја нашата работа: