Погледот одблиску на животот на астронаутите дава сосема нов увид во здравствените проблеми со кои се соочуваат „вселенските патници”.
Еден од проблемите е деформација на очите, што предизвикува прогресивно влошување на видот.
Многу астронаути кога ќе се вратат на Земјата по долг престој во вселената имаат проблеми со видот, но по неколку години набљудување и истражување, научниците веруваат дека ја пронашле причината за проблемот.
Во бестежинска состојба се зголемува концентрацијата на течност околу мозокот која ги притиска очите и доведува до нивна деформација, која може да манифестира екстремно губење на визуелната острина.
Оваа појава се среќава кај две третини од астронаутите кои престојувале на долгите мисии во вселената.
За прв пат НАСА со овој мистериозен синдром се сретнала во 2005 година, кога за прв пат на астронаутот Џон Филипс драстично му се влошил видот по шестмесечната мисија во вселената.
Обемните истражувања покажале дека очите на астронаутот Филипс на некој начин се повлекле, предизвикувајќи воспаление на оптичкиот нерв.
Првично експертите на НАСА не знаеле која е причината за зголемениот очен притисок, но откриле дека тоа е поврзано со прераспределбата на течностите од крвните садови во микрогравитацијата.
Сметале дека течноста од нивните нозе преминува во главата додека се наоѓаат во вселената, поточно доаѓа до притискање на мозокот и очен притисок.
Од друга страна, научникот Ноам Алперин, професор по радиологија и биомедицински науки на Универзитетот во Мајами, смета дека васкуларната течност која се насобрала околу мозокот не претставува проблем. Тој верува дека главен виновник за оваа појава е цереброспиналната течност која му помага на мозокот да ја ублажи промената на притисокот кога телото ја менува положбата, на пример додека лежи или седи.
Алперин со наеговиот тим направил истражување по пат на методот на магнетна резонанца. Во истражувањето вклучил седум астронаути, пред и после долга мисија, како и оние кои оделе на кратки патувања. Резултатите покажале дека оние астронаути кои оделе на долги мисии имаат зголемен волумен на цереброспиналната течност која врши притисок врз окото.
„И покрај тоа што е добра вест дека имаме одговор на она што предизвикува хронично оштетување на видот, лошо е тоа што ние се’ уште немаме било какви мерки против оваа појава”.
„Доколку причината е промената на течност од пониските делови од телото до главата, тоа може да се реши со носење на уред кој ќе ја врати течноста назад кон нозете”.
Сепак засега, деформитетот на очните капаци е уште едно заболување кое научниците кои ќе работат на поефикасна вештачка гравитација ќе мораат да го земат предвид.