Кои се симптомите на вирусот што се шири во училишта во неколку европски земји?

„Првиот симптом е жолтата промена на бојата на белката во окото, потоа на кожата, урината е со темна боја (слична на пивото), столицата е светла, а децата се чувствуваат слаби. Исто така, некои имаат и губење на апетит, повраќање, дијареја и треска“, објаснува за РТС д-р Анета Јовановиќ, раководителка на педијатриско одделение и заменик-директорка на Здравствениот дом „Палилула“.

Во Србија засега нема ниту еден случај на ваква зараза. Докторката укажува дека родителите треба да ги предупредат децата за хигиена на рацете, како и да ги мијат храната, овошјето и зеленчукот што се консумираат.

Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци.

На потребата од поголема хигиена пред неколку дена укажа и професорот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

„Укинувањето на сите против епидемиски мерки не значи дека треба да престанете да ги миете рацете!!! Амбулантите и Клиниките се преплавени со стомачни вируси (Rotavirus, Picorna, Coxsackie, Hepatitis A) проследени со многубројни проливи, стомачни болки, температура, дехидратација, поспаност. Миењето раце и одржувањето на личната хигиена спасуваат повеќе животи од сите антибиотици заедно!!!“, напиша докторот на Фејсбук.

enauka.mk
9,242наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.