Мистериозен хепатитис ги напаѓа децата низ светот

Бројот на пријавени случаи со хепатитис кај мали деца во светот е 169, а едно дете починало. Само во Велика Британија 114 деца се разболеле, а 10 ќе мора да одат на трансплантација на црниот дроб, пишува Би-Би-Си во опсежна анализа.

Се верува дека причината за овој хепатитис е аденовирус. Повеќето болни деца се на возраст од пет години или се уште помали и имале симптоми на гастроентеритис – дијареја и гадење, а потоа следува жолтило на кожата и очите, што значи проблеми со црниот дроб. Се истражува и потенцијалната поврзаност со коронавирусот, односно дали децата кои прележале неодамна се изложени на поголем ризик од зараза. 

Симптомите се слични како кај досега познатите зарази со хепатитис, но тестовите за овој вирус се негативни.

Теоријата за аденовирус е издржана, но сѐ уште не е докажана.

enauka.mk
9,242наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.