Погледнете ја сликата на Хабл од 1995 година која ја промени астрономијата

Во својот 26-годишен престој во вселената, телескопот Хабл направил илјадници слики во името на науката, кои предизвикуваат стравопочит.

Повеќето од нив кои прикажуваат далечни маглини и галаксии со чуден облик ѝ се познати на јавноста. Но, една од најважните фотографии што воопшто се направени во астрономијата е снимена од страна Хабл во 1995 година.

Фотографијата „Deep Field“ од 1995 година не е особено живописна и блескава, но како што „Vox“ ни објаснува во видеото, на оваа слика е речиси целата историја на Универзумот и е првата фотографија од овој вид што воопшто е направена.

Покрај малубројните трепкави ѕвезди, секоја друга поединечна точка што може да се види на оваа слика, не е ѕвезда, туку е цела галаксија.

Некои од помалите галаксии на сликата се стари неверојатни 12 милијарди годинни, што значи дека светлината што допира до нас на сликата е само од две милијарди години после Големата експлозија (Биг-Бенг).

hs-1996-01-a-large_web

Меѓутоа, најфасцинантото околу оваа слика е начинот на кој била направена. Пред ова, телескопот Хабл се користел само за истражување на одредени специфични тела во вселената, на пример, необични ѕвезди и галаксии.

Но, астрономот Роберт Вилијамс, кој бил директор на Хабл во периодот од 1993 до 1998 година, одлучил да го употреби телескопот малку поразлично, односно да не снима ништо одредено. Истражувачите воопшто немале идеја што може да видат, но се надевале дека доколку гледаат во темните простори од вселената, брановата должина од светлината би можела да не води до раната еволуција на Универзумот.

Тоа бил огромен ризик во тоа време кога НАСА не можела да си дозволи да се расфрла  со  пари – особено после неуспешната мисија кога телескопт Хабл бил испратен во вселената со неисправни огледала, што резултирало со испраќање на замаглени слики три години, а агенцијата била предмет на потсмев и критики од страна на владата и медиумите со месеци.

Но, Вилијамс решил да го игнорира ова и сепак да направи слика „ во ништо“. „Deep Field“ на Хабл е првата фотографија која не води толку назад во Универзумот и истовремено воведува една цела нова техника во астрономијата.

Како што се објаснува во видеото, можеби најважна придобивка е тоа што ова засекогаш го сменило начинот на кој научниците ги разменуваат податоците.

Едно е сигурно, на телескопот Хабл и научниците што стојат позади оваа неверојатна слика им должиме многу и сигурно овој телескоп ќе ни недостига кога ќе се „пензионира“.

Поддржете ја нашата работа: