Џиновска галаксија која сè уште расте

Исто како и водата истурена од чаша во езерце, брзо ќе се спои со водата од езерцето, така и ѕвездите од „проголтаната“ галаксија се спојуваат со сличните ѕвезди од поголемата галаксија, без да остават трага.

Тим од научници од Институтот Макс Планк од Германија, јасно покажале дека блиската елиптична галаксија „Месје 87“, се спојува со помалите спирални галакси , веќе милијарди години. Месиер 87 се наоѓа во центарот на галактичкото јато „Девица“. Тоа е огромна топка од ѕвезди, на оддалеченост од 50 милиони светлосни години, со вкупна маса милиони пати поголема од нашето Сонце.

Наместо да ги разгледуваат сите ѕвезди од Месје 87 (кои ги има буквално милијарди и се премногу бледи и многубројни за да се разгледуваат поединечно) , научниците ја проучувале планетарната маглина– блескавата обвивка околу ѕвездите што стареат (1). Бидејќи овие објекти зрачат многу светла аквамарин зелена боја, може лесно да се разликуваат од околните ѕвезди. Со внимателно набљудување на светлината од маглината, со помош на силен спектрограф, може да се забележат и нивните движења (2).

Исто како што и водата од чашата не се гледа штом ќе падне во езерцето – но може да предизвика бранувања и други движења кои може да се видат ако има честици од кал во водата, движењата на планетарната маглина измерени со помош на спектрографот „FLAMES“ од Големиот Телескоп ги покажуваат знаците на претходните спојувања.

„Неодамна бевме сведоци на настан каде галаксија со средна големина влегува во средината на Месје 87 и како последица на огромниот прилив на гравитациони сили, нејзините ѕвезди сега се расфрлани во подрачје што е 100 пати поголемо од оригиналната галаксија“- вели Ортвин Герхард, еден од авторите на истаражувањето.

Научниците многу внимателно ја разгледувале и светлината распоредена на надворешната страна од маглината на Месје 87 и откриле дека дополнителна светлина доаѓа од ѕвездите во галаксијата што била повлечена внатре. Опсервациите покажале дека ѕвездите од распаднатата галаксија што влегуваат во составот на Месје 87, сепак можат да се разликуваат дека припаѓаат на една заедничка структура.

Забелешки

Планетарната нобула (маглина) се формира кога ѕвездите ќе дојдат до крајот на својот живот и емитуваат голем дел од својата енергија во само неколку спектрални линии, од кои најсветлиот е во зелениот дел од  спектарот. Поради ова, тие се единствените поединечни ѕвезди чии движења може да се мерат на оваа оддалеченост на Месје 87 од 50 милиони светлосни години од Земјата. Тие изгледаат како светилници од зелено светло и на тој начин ни покажуваат каде се наоѓаат и со која брзина патуваат.

Овие планетарни маглини се се’ уште многу бледи и потребна е целосната моќ од Големиот Телескоп за да може да се проучуваат: светлината што се емитува од типична планетарна маглина од ореолот на галаксијата Месје 87 е еднаква на светлината од две сијалици од 60 вати поставени на Венера, кога се гледа од Земјата.

Движењата на планетарните маглини кога тие се оддалечуваат или се приближуваат кон Земјата водат до промена на брановата должина во спектарот како резултат на Доплеровиот ефект. Овие промени може прецизно да се измерат со помош на сензитивен спектрограф и брзината на маглината.

Поддржете ја нашата работа: