(ВИДЕО) Дали сте слушнале за „прстот на судбината“? Природен феномен кој сè што ќе допре го претвора во мраз – и го убива!

YOUTUBE PRINTSCREEN / BEAUTY OF PLANET EARTH

Деновиве на интернет се шири видео кое многумина остава воодушевени. Имено, на него може да се види феноменот познат и како „прст на смртта“, што за сите кои не се запознаени со овие ледени сталактити, изгледаат како некоја технологија сè уште недостапна за нас од научно-фантастичните филмови.

Сепак, научниците кои сè уште не ја знаат точната причина за оваа појава сугерираат дека е неопходно концентратите на сол да се распаднат од морскиот мраз и да создадат надолен проток на густа и студена вода чија точка на замрзнување е пониска од околната вода. Ова на крајот резултира со претворање на солените концентрати во мраз во контакт со околната вода, како шуплив сталактит. Бидејќи надворешниот ѕид постојано се замрзнува, внатрешниот ѕид постојано се топи и патува кон дното. По допир со најниската точка, сè што допира го претвора во мраз, од ситни планктони до морски ѕвезди и ежови.

Нивната појава првпат беше документирана во средината на минатиот век, а со објективот на камерата беа снимени дури во 2011 година. И оттогаш, утврдено е дека неговиот дијаметар може да порасне од 25 см до повеќе од неколку метри. Што може да резултира со крајно необична сцена, која потсетува на базени со солена вода.

https://youtu.be/sktTW35Qx0s

 

Поддржете ја нашата работа: