(ВИДЕО) Одисеј испиша историја: Ги испрати првите фотографии од јужната страна на Месечината

pixabay

Приватното американско вселенско летало Одисеј, кое слета на површината на Месечината минатата недела, работи без проблеми и испраќа податоци назад на Земјата, објави компанијата Intuitive Machines.

Како што истакнуваат од таму, Одисеј ги испратил и првите фотографии од Месечината. Поточно, станува збор за фотографии кои се направени за време на спуштањето на леталото. Иако на фотографиите не се гледа многу, тие се важни, бидејќи се првите фотографии направени речиси на јужниот пол на Месечината.

Досега пристигнатите фотографии покажуваат дека Одисеј, откако поминал речиси милион километри, слетал на 1,5 километар подалеку од планираното место. Така Одисеј моментално се наоѓа на височина од 2579 метри.

Да потсетиме дека контролата на летот, лоцирана во Тексас, планира да собира податоци од Одисеј сѐ додека е оперативна.

Одисеј испиша историја, не само поради позицијата на која слета, туку и како прво вселенско летало на приватна американска компанија кое успешно слета на Месечината. Имајќи предвид дека Intuitive Machines работи со НАСА, податоците што ги собира Одисеј ќе бидат клучни во планирањето на лет на астронаутите на Месечината, како дел од мисијата Артемида.

Имено, Одисеј треба да собира податоци за лунарната почва и да им помогне на научниците да утврдат дали на Месечината има мраз кој би можел да се искористи за поддршка на астронаутите и потенцијална база на таа планета.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.