Поројните дождови на југот на Грција придонесоа за откривање на мала фигура од бронзен бик за кој се верува дека е подарок за богот Зевс во античка Олимпија уште пред 3.000 години
Грчкото Министерство за култура во петокот објави дека е пронајдена мала, недопрена фигура откако еден археолог забележал рог кој излегува од земјата по неодамнешните дождови во оваа област.
Исклучително зачуваната фигура е пренесена во лабораторија, а првото испитување покажува дека датира од геометрискиот период на античката грчка уметност, приближно помеѓу 1050 и 700 година пред нашата ера. Се верува дека тоа било жртва за богот Зевс која била понудена како дел од обред, бидејќи исчистениот талог имал различни траги од изгореници, објави Министерството за култура.
Исто така, се верува дека илјадници други дарови се донесени во олтарот на Зевс, а многу од нив се пронајдени во дебелиот слој пепел, а потоа изложени во Археолошкиот музеј на Олимпија.