Дали античките Грци имале лаптопи?

На оваа фотографија која нашироко се споделуваше по социјалните мрежи е прикажана погребна скулптура од античка Грција, каде што многумина сметаат дека всушност е прикажан компјутер, односно лаптоп во рацете на слугата.

На прв поглед мора да признаеме дека навистина личи на отворен лаптоп, а некои дури сметаат дека дупчињата од страна наликуваат на приклучоците за USB.

Gravestone with a Woman and Her Attendant; Unknown; (Delos?), East Greece; about 100 B.C.; Marble; 94.6 x 120.7 x 21.6 cm (37 1/4 x 47 1/2 x 8 1/2 in.); 72.AA.159

Ова нормално покренува секаков вид на прашања, особено со оглед на фактот дека за разлика од многуте фотографии кои се шират низ интернетот, оваа слика на 2.100-годишната скулптура не е дигитално променета.

Дали античките Грци имале пристап до модерната технологија? Дали е ова доказ за патување низ времето? Дали таа технологија им ја дале вонземјаните?

Во реалноста, се разбира дека навистина не се работи за лаптоп. Сликата е насловена „Grave Naiskos of an Enthroned Woman with an Attendant“ и од музејот Џ. Пол Гети во Малибу, Калифорнија, САД, каде што моментално се наоѓа, велат дека е насликана почината жена и нејзиниот роб кој држи мала кутија, односно ковчеже, каде најверојатно се чувал накит.

„Прикажувањето на починатите како посегнуваат по некој предмет кој го држат слугите има долга историја во грчката погребна уметност и најверојатно алудира на надежта за продолжување на земните задоволства во задгробниот живот“, пишува во описот на музејот.

Во книгата „Грчки погребни скулптури: Каталог на колекциите во Гети Вила“ (Greek Funerary Sculpture: Catalogue of the Collections at the Getty Villa), авторот Џенет Барнет Гросман вели дека жената на скулптурата посегнува по капакот на отворена рамна кутија или огледало.

Приврзаниците на теориите за заговор не веруваат во ова објаснување. Скептиците ги исмејуваат велејќи дека слични предмети и порано се појавувале во римската уметност и дека тие всушност претставуваат плочи обложени со восок, на кои луѓето пишувале со помош на перо. А вие можете да процените и сами.

Douris-wax-454677

Поддржете ја нашата работа: