Како звучела музиката на старите Грци?

Врз основа на истражување на историските списи, научниците успеале да реконструираат некои мелодии на античките Грци. А како звучела музиката на старите Грци, слушнете во видеото.

Во античка Грција, музиката се сметала за дар од Боговите и била премногу ценета. Нејзиното потекло доаѓа од грчкиот збор “mousikê”, кој е изведен од зборот муза. Музите биле заштитнички на песните, уметноста и науката, а се верувало дека ги инспирираат луѓето кои творат, сликарите, музичарите…

Без разлика дали станува збор за венчавка или погреб, верски обред, јавна церемонија, натпревар или слично, сите овие активности биле придружувани со музика.

Поддржете ја нашата работа: