(ВО ЖИВО) Одбројувањето во тек: Леталото на НАСА денеска полетува на своето патување околу Месечината – Ева што треба да знаете

„Aртемис I“ е првиот интегриран тест на системите за истражување на длабоката вселена на НАСА.

За време на овој лет, леталото ќе отиде подалеку од кое било вселенско летало направено од човек досега. Ќе патува 450.616 километри од Земјата, илјадници километри подалеку од Месечината за време на мисијата што ќе трае околу четири до шест недели.

SLS и ORION ќе се подигнат од комплексот за лансирање 39B во модернизираниот вселенски полигон на НАСА во вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Денешното лансирање е прво од шест мисии на Месечината кои се планирани до 2028 година. За време на мисијата „Артемис 1“ во вселенскиот брод Орион нема да има екипаж. Оваа мисија е безбедносен тест, но следните треба да бидат со екипаж. Програмата „Артемис“ е покрената во 2017 година и со неа треба да бидат обновени патувањата во вселената. Се работи за заеднички проект на агенциите НАСА и ЕСА, како и вселенски агенции од други земји.

НАСА ќе го пренесува настанот во живо на социјалните мрежи, а лансирањето се очекува во 14:33 часот по наше време.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.