Дали при истовремена инфекција со грип и ковид-19 болеста ќе биде посилна?

Не, флурона не е нова страшна варијанта на коронавирус и тоа не е официјален медицински израз, но феноменот на истовремена зараза со грип и коронавирус е вистински и медицинската заедница нималку не ги  изненадува.

Лице може да биде истовремено заразено со повеќе вируси или вирус и некој вид на патоген како бактерии или паразити. Заклучно со минатата недела, во земјава се регистирирани 5 инфекции со грип и КОВИД-19 истовремено.

оа е природна појава“, вели Изабела Катадори, вонреден професор по биологија при Универзитетот во Пенсилванија. Тоа не значи дека заразата не треба да се избегнува.

Кога британските научници пред речиси две години открија први случаи на симултана инфекција со грип и ковид вирус, пресметаа дека кај овие пациенти постои двојно поголема можност од смртен исход отколку кај заразените само со коронавирус.

Досега во пандемии, истовремени зарази биле ретка појава – особено минатата зима кога бројот на случаи на инфекции со грип беше изненадувачки низок (овој тренд стручњаците го препишаа на физичкото дистанцирање).

СЛУЧАЕВИТЕ НА ГРИП ВО ПОРАСТ

Случаевите на грип оваа зима сепак се во пораст, па стручњаците советуваат да се превземе се, за да се избегне ‘коинфекција’. Двата вируса се шират преку воздух, па избегнувањето на непроветрени и места со гужви, со носење на маска, најдобриот начин за избегнување на инфекција со овие вируси. За двете состојби постојат ефикасни вакцини.

Вообичаено, овогодинешните вакцини за грип не се совршени за варијантите на грип што циркулираат, но тоа не е причина за невакцинација, вели Томас Фекет, професор на Школата за медицина при Универзитетот во Темпи.

Секоја одбрана од вируси помага како на поединците, така и на останатите кои можеби спаѓаат во ранлива категорија.

Иако инфекциите со повеќе вируси истовремено се вообичаени, деталите за тоа како имуниот систем реагира се комплицирани и зависат од фактори како што е времето на зараза и типот на вирусот.

ОД КАДЕ ИЗРАЗОТ ФЛУРОНА?

Тешко е да се каже. Името е кованица од англискиот израз за грип (flu) и корона.

Изразот не доби на популарност до овој месец, веројатно како одговор на новинарските наслови за таков случај во Израел.

Некои стручњаци ценат дека оваа кованица може да ги наведе луѓето на погрешен заклучок дека сме соочени со некој нов хибриден вирус.

Важно е да се напомене дека не се работи за ист вид на вирус, ниту пак тие може да се спојат во некој вид на супервирус. Секој вирус содржи генетски упатства кои му овозможуваат копирање само на себе сам.

КАКО Е МОЖНА ЗАРАЗА СО ДВАТА ВИРУСИ ИСТОВРЕМЕНО?

На ист начин како што можете да се заразите со само еден вирус: со изложување.

Ако некое лице се наоѓа на место каде што циркулираат вируси – односно на кое било место каде што има други луѓе – тоа може да биде изложено на инфекција со двата вируса. Или дури и повеќе.

Идеално е да оние кои се чувствуваат болно останат дома и да ја намалат можноста за зараза со друг вирус.

ДАЛИ СО ИСТОВРЕМЕНА ЗАРАЗА, БОЛЕСТА ЌЕ БИДЕ ПОСИЛНА?

Тоа зависи од тајмингот. Ако заразеното лице има среќа, имунолошкиот одоговор на првиот “освојувач“ ќе помогне при одбрана на организмот од другиот, потенцираат експертите.

Тоа е така бидејќи првото ниво на одбрана на имуниот систем, познато и како вроден имунитет, е неспецифично – не е прилагодено на специфичен вид на вирус.

Заразените клетки против вирусот се борат на повеќе начини од кои еден е создавање на протеин интерферон кој на организмот по борбата со едениот вирус треба да му помогне да се избори и со другиот.

Тоа не значи дека е паметно намерно да се добие втора инфекција. Иако симптомите по инфекција со втор вирус воопшто не мора да се влошат, тоа сигурно нема да биде од помош.

Важно е да се додаде дека во голем број на случаи, втората зараза може значајно да влоши состојбата, вели Артјан Велтуис, молекуларен биолог.

Поддржете ја нашата работа: