Дел од најголемите заблуди на старите научници и враќање во реалноста

Кога зборуваме за научници како Питагора и Исак Њутн, ги замислуваме како мудри брадести луѓе на кои сè што им паѓа на ум се покажува како револуционерно откритие во науката. А како да мислиме нешто друго за луѓето кои со своите идеи беа далеку пред своето време?

Сепак, далеку сте од вистината ако мислите дека сè што излезе од нивната глава беше генијално – всушност, било сосема спротивно. Вие сигурно не би поверувале во она во што верувале луѓето без чии откритија и пронајдоци светот би бил поинакво место!

Питагора, познат како „татко на бројките”, кој на светот му ја даде Питагоровата теорема (ако сте заборавиле: а2+b2=c2), верувал дека постои начин да се прикажуваат пораки на полна месечина со помош на човечка крв и огледало. Веројатно имал за тоа научна причина, но како да го оправдаме неговото мислење дека душите на мртвите луѓе се наоѓаат во зрна грчка фава, односно грав?

Исак Њутн, научникот кој не запозна со гравитационите закони бил голем верник. Можеби малку преголем. Њутн ја користел Библијата за да се обиде да ја предвиди иднината. А верувал и во змејови кои ги барал на Алпите.

Аристотел сметал дека црвите што излегувале од месо во распаѓање биле вистински доказ дека животот може да се создаде случајно, додека на почетокот на 19 век белгискиот научник Јан Баптисан ван Хелмонт тврдел дека поседува „рецепт за создавање глувци“. Според таа рецептура, на валкан килим требало да се стават неколку зрна пченица и точно за 21 ден се создавале глувци.

Јохан Јоаким Бехер, алхемичар, во 1669 година сметал дека огнот го предизвикува елементот флогистрон. Верувал дека сè што е запаливо ја содржи оваа материја и дека единствена можност за гаснење на тој оган е да се остави да догори до пепел. Неговата теорија дури и била актуелна речиси еден век, сè додека Џозеф Пристли не го открил кислородот.

Џејмс Вотсон и Франсис Крик е дуото кое ја откри структурата на ДНК. Голем потфат за далечната 1953 година, но другите нивни верувања не биле баш најпопуларни. Вотсон верувал во вонземјани, а Крик бил расист.

Кери Мулис го измисли ПЦР тестот – тест без кој сегашната пандемија веројатно ќе изгледа многу поразлично. Кери е многу „понов“ научник од овие претходно споменати и почина пред само 2 години. Сепак, тој не веруваше дека ХИВ предизвикува СИДА, и инсистираше на тоа дека имал блиска средба со вонземјанин.

Вилијам Томсон – Лорд Келвин – еминентен физичар, заслужен за термодинамичките закони, за скалата на келвинови степени и апсолутната нула, за првиот кабел под Атлантикот и за многу други нешта. Сепак се чини дека Вилијам не реагирал позитивно на туѓите пронајдоци. Томсон не верувал во наодите на Х-зраци и сметал дека се работи за измама, а исто така бил и многу скептичен во врска со летањето. Сметал дека луѓето ќе имаат неколку обиди да измислат направа за летање и брзо ќе се откажат. Тој исто така во 19 век, пред откривањето на самиот атом, тврдел дека нема што повеќе да се открива во физиката.

Вилијан Хершел е астроном кој ја открил планетата Уран во 1781 година, но сепак ете сметал дека на Сонцето живеат вонземјани со огромни глави.

Листата е долга. Дополни во коментар.

Поддржете ја нашата работа: