Секоја година, Environmental Working Group (EVG) ги анализира најновите податоци од американското Министерство за земјоделство (USDA) со цел да избере листа на храна, односно неорганско овошје и зеленчук со најмногу и најмалку пестициди. Бидејќи како што посочуваат во нивното соопштение, „секаква изложеност на пестициди е проблем, со оглед на тоа што знаеме како тие можат да му наштетат на здравјето на луѓето, особено на децата“.
Иако бројните студии спроведени на најпрестижните универзитети во светот со години укажуваат на врската помеѓу пестицидите и здравствените проблеми, научниците истакнуваат дека постои решение. Бидејќи е докажано дека со замена на неорганско овошје или зеленчук со органски, нивото на овие штетни хемикалии речиси моментално се намалува во човечкото тело.
75 отсто од 46.569 примероци содржеле остатоци од пестициди
Резултатите се добиени со собирање 46.569 примероци од најпопуларните овошја и зеленчуци, кои потоа биле измиени и исчистени како што секој од нас би направил дома. По миењето, речиси 75 отсто од неорганските свежи производи што се продаваат во САД содржеле остатоци од пестициди, од кои некои долго време биле забранети од Агенцијата за заштита на животната средина.
Она што е ново во споредба со претходната година е дека боранијата и боровинките годинава се најдоа на „валканата листа“, бидејќи кај нив е откриена загрижувачка концентрација на пестициди поврзани со болести на нервниот систем. Од друга страна, дињата е отстранета од „чистата листа“, а додадени се морковите.
Од 46 различни видови на овошје и зеленчук, овие 12 се најтретирани со пестициди:
1. Јагоди
2. Спанаќ
3. Кале
4. Праски
5. Круши
6. Нектарини
7. Јаболка
8. Грозје
9. Папрака и лута пиперка
10. Цреши
11. Боровинки
12. Боранија
Од 46 различни видови овошје и зеленчук, овие 15 најмалку се третираат со пестициди:
1. Авокадо
2. Пченка
3. Ананас
4. Кромид
5. Папаја
6. Сладок грашок (замрзнат)
7. Аспарагус
8. Диња
9. Киви
10. Зелка
11. Печурки
12. Манго
13. Слатки компири
14. Лубеница
15. Моркови