Македонија работи на закон за употреба на криптовалути

Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ во Македонија ќе се уредува со закон, соопшти Министерот за финансии, Фатмир Бесими, додавајќи дека во моментов Министерството заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен.

Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам.

„Ова е особено важно бидејќи доколку не се уредени со закон, не се утврди нивниот правен статус, целите за нивното користење, начинот на нивниот пренос и располагање и доколку немаме увид кој ги купува и продава, истите ќе бидат лесно злоупотребувани, а особено за целите на перењето пари и финансирањето на тероризмот“, рече Бесими.

Министерот истакна и дека во Централниот регистар се воспоставува и регистарот за вистински сопственици, кој ќе им овозможи на државните органи, банките и на сите субјекти што имаат обврска да ги применуваат мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, на едноставен начин и во секое време, да го знаат вистинскиот идентитет на сопствениците на компаниите

Ваквиот регистар ќе овозможи поголема транспарентност во целокупното стопанството, а тоа ќе доведе до зголемување и на сигурноста во правниот промет.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.