НАСА го одложи првиот лет на минијатурниот хеликоптер Ingenuity на Црвената Планета поради технички проблеми, соопшти американската вселенска агенција.
Минихеликоптерот Ingenuity, кој пристигна на Марс со ровер Perseverance, нема да полета пред 14 април.
Предвидено беше да полета вчера.
Испитувањето на брзите движења на роторот на Ingenuity во петокот покажа проблеми со полетувањето, соопшти НАСА.
Вселенската агенција соопшти дека хеликоптерот е безбеден и дека испратил податоци на Земјата.
Тимот ги проверува податоците за да го дијагностицира проблемот и да одреди нов датум на тест со целосна брзина на ротација.
За време на пробниот лет, хеликоптер тежок околу 1,8 килограми ќе лета до висина од околу три метри, ќе остане на едно место 30 секунди, а потоа ќе се врати на површината на Марс.
Тоа би бил првиот лет на вакво летало на Марс.