Најголемата соларна фарма во Франција (ФОТО)

На ридовите на платото „La Colle des Mees“, на југот на Франција, се наоѓа сончевата фарма „Les Mees“. Со вкупно 112.000 соларни модули распоредени на 200 хектари земја. Ова е најголемата соларна фарма во Франција што генерира 100 MW чиста енергија, доволна за снабдување со електрична енергија на 12.000 француски домови.

Со оглед на тоа што се наоѓа на надморска височина од 800 метри и што воздухот во овој дел на Франција е многу чист, фармата генерира околу 10 до 15% повеќе енергија отколку слични проекти на други локации.

Покрај генерирањето чиста енергија (без штетни емисии), соларната фарма Лес Мис има многу мало негативно влијание врз животната средина. Панелите се инсталирани без поставување на бетонски темели што би ја уништиле тревата, па по две децении, кога ќе се отстранат соларните панели, ридовите и тревата ќе останат недопрени.

Поддржете ја нашата работа: