Во 2018 година, беше пронајдена порака во шише која датира од 1886 година, полу-закопана во песокот на плажа во западна Австралија.
Според неговата содржина, таа поминала повеќе од еден век пливајќи наоколу, пред да биде откриена скоро 950 километри од местото каде што била исфрлена од брод во Индискиот океан.
Тоња Илман, спасувач на плажата, го пронашла старото шише од џин во јануари 2018 година, на 50 метри од крајбрежјето на островот Клин.
Изненадувачки што и покрај тоа што недостасувал чепот и шишето и неговата содржина биле главно зачувани.
Тие содржини не беа, како што би можело да сугерира, повик за помош од некој пуст остров, туку дел од германски експеримент што траел од 1864 до 1933 година за да ги исцрта океанските струи.
За тоа време, од германските бродови биле фрлени илјадници шишиња. Секое од нив имало ливче хартија со датумот, точните координати каде што е фрлено, името на бродот, неговото матично пристаниште и рутата по која пловел.
Од другата страна имало прашалник. Таму секој што ќе го пронашол требало да запише кога и каде е најдено, а потоа да го испрати до Германската поморска опсерваторија во Хамбург или до најблискиот германски конзулат.
Мастилото од пенкалото на капетанот било избледено, па сопругот на Тоња, Ким Илман, започнал да истражува и открил дел од пораката – датумот (12 јуни 1886 година), координатите, трасата и името на бродот.
Ова шише е фрлено од брод, на 12 јуни 1886 година
На 32° 49′ Географска ширина Југ
и 105° 25′ Лонгитуда од Гринич Исток
Од брод: Пола, Пристаниште: Елсфлет, Капетан: Д [нечитлив]
На патување од: Кардиф до: Макасар
Пронаоѓачот да го испрати ливчето до:
Германска поморска опсерваторија во Хамбург или најблискиот конзулат по пополнување на информациите од задната страна.
Тие ги однеле пораката и шишето во музеј во Австралија, за да се потврди автентичноста. Експертите потврдиле дека шишето и хартијата датираат во точниот временски период и дека бродот пловела по наведената патека во 1886 година.
Но, најспектакуларната потврда се случила дури откако Музејот контактирал со истражувачите во Германија.
“Неверојатно, архивското пребарување го пронајде оригиналниот метеоролошки журнал на бродот Пола, во кој имало запис од 12 јуни 1886 година направен од капетанот, кој снимал како да се фрла шишето. Датумот и координатите кореспондираат точно со оние во пораката.
Од илјадниците шишиња исфрлени од германските бродови како дел од експериментот, ова откритие е само 663-то. Тоа е најстаро до сега – претходниот рекордер беше 108 години и 138 дена помеѓу испраќањето и пронаоѓањето и беше дел од сличен експеримент спроведен од Велика Британија.
Шишето и пораката се отстапени на музејот во западна Австралија.