Светлина од пластично шише

Инженерите на „Liter of Light“ направиле производ кој може да им донесе светлина на сиромашните заедници и оддалечените региони, но во исто време да и помогне на планетата преку рецикирање на пластичните шишиња и создавање на светлина со помош на соларната енергија.

Но, најдобро од сѐ е што се работи за неверојатно едноставен концепт – пластично шише со малку вода поврзано со сончева светлина.

Пластично шише од 1,5 л се прицврстува за мал соларен панел кој може да обезбеди ЛЕД светлина за 10 часа. Шишето се полни со вода и му се додава малку варикина за да се спречи создавањето на алги. Својството за рефракција на водата ја појачува ЛЕД светлината. Ова создава светлина како една обична сијалица од 55 W.

Како никој досега не се сетил на ова?

Поддржете ја нашата работа: