Нивото на јаглерод диоксид во атмосферата достигна алармантна точка

Националната агенција за истражување океани и атмосфера (NОАА) утврди дека нивоата на јаглерод диоксид (СО2) и метан во атмосферата продолжуваат алармантно да растат од 2020 година, при што нивото на СО2 достигна највисока точка во изминатите 3,6 милиони години и покрај тоа што емисиите се забавени како резултат на коронавирусот.

„Човечката активност е двигател на климатските промени. Ако сакаме да ги ублажиме најлошите последици, треба да ги намалиме емисиите на фосилни горива на речиси нула, па дури и тогаш ќе мора да бараме начини за понатамошно отстранување на стакленичките гасови од атмосферата “, рече Колм Свини, помошник заменик директор на Global Monitoring Lab.

NОАА наведува дека мерењата покажале дека глобалното просечно ниво на CO2 е 412,5 ppm во 2020 година, што претставува зголемување за 2,6 ppm во текот на годината. Економската рецесија се проценува дека ги намали емисиите за 7 проценти во 2020 година, но нивото останува на рекордно високо ниво.

Институтот за океанографија Скрипс при Сан Диего излезе со слични откритија во кои се наведува дека СО2 сега е 50% повисок отколку што беше пред Индустриската револуција. Оваа промена се припишува и на човековата активност.

Обезбедувањето на промените што очајно ни требаат за да ја заштитиме планетата и биодиверзитетот не е лесна задача. За среќа, технолозите нудат иновации и низа решенија, и за почеток, позитивно е што употребата на обновливи извори на енергија се зголемува ширум светот.

Покрај тоа, некои земји се многу близу до исполнување на сите свои енергетски потреби со помош на обновливи извори. Новите технологии, како што се вештачката фотосинтеза и производството на биогорива од отпад, го менуваат начинот на пристапување кон нашите енергетски потреби. Многу нови техники изгледаат како научно-фантастични филмови, а меѓу нив се и употребата на ридови како огромни батерии и уред кој произведува електрична енергија од влага.

Поддржете ја нашата работа: