НОВОГОДИШНО ПАКЕТЧЕ – ЧОКОЛАДО VS. ИСКУСТВО

“Не е разумно да очекуваме секогаш се да оди во посакуваната насока, но затоа можеме да избереме секогаш да бидеме благодарни како за победите така и за лекциите. Новото време не ни донесе се она што посакувавме, но затоа ни донесе нешто поважно, свесност да бидеме благодарни за работите кои ги имаме или ги имавме а кои што ги подразбиравме” – вели Ана Салтирова Давидовски, автор на интерактивната книга “Благодарам”.
EН: Што е “Благодарам”, како се роди и што може да очекуваме да се појави од новогодишното пакетче откако ќе ја одврземе панделката?

– Поривот да ја напишам книгата се јави од моето воодушевување од НЛП (неуролингвистичко програмирање – методологија за личен и професионален успех произлезена од истражувањата што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како да се премости тој јаз) од една страна и од друга страна моите две дечиња кои во мене ја разбудија желбата за адаптирање на знаењето стекнато во НЛП едукацијата за најмладите со приказни блиски до децата.

Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор … ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот. Со оваа книга која е наменета да им биде поддршка на родителите во градење на позитивното размислување кај децата и самите родители ќе имаат можност да го погледнат сопствениот живот со нови очи, да погледнат што сѐ има добро во него. Самата книга е интерактивна со искажување на благодарност на различни теми од една страна детето и од друга страна родителот. Со активно партиципирање во книгата родителите ќе имаат можност со децата да поразговараат на различни теми, да видат како децата им размислуваат и да ги носат кон вистински вредности.

Кога се избира стратегија за успех често се занемаруваат двата чекори, а тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегијата за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех што е вториот чекор. Како одговор на првиот чекор настана интерактивната книга #Благодарам, e-книгата 50+ идеи за негување на ставот #Благодарам, предизвик, домино, игра, карти и картички #Благодарам, а како одговор на вториот чекор работам на книгата а играта и картичките #КакоМоже веќе е тука. Благодарноста е научно докажано дека ја менува состојбата во која се наоѓаме, го менува начинот на кој се чувствуваме, а истото е подкрепено со многубројни истражувања.

Со овој текст сакам да ја отворам можноста за збогатување на препознатливите чоколадни новогодишните пакетчиња со искуство, да ве поканам да ги збогатат новогодишните пакетчиња за дечињата со интерактивната книга #Благодарам. Верувам дека со помалку чоколади и книга бенефитот ќе биде на двете страни, на вашите пријатели, роднини или сами на себе си ќе им/си подарите квалитетно време поминато со нивните/вашите најмили во кое ќе согледаат/те дека во животот имаат/те многу работи кои заслужуваат и славење, а тоа ќе им/ви го подобри и расположението. Подарок со секоја купена книга предизвик, домино, игра, карти, картички и стикер #Благодарам.

Интерактивната книгата #Благодарам има 72 страни, тврда корица, во 2018 беше на листата најпродавани 20 книги преку www.kupikniga.mk, а во првата година го доживеа и своето реиздание, сега е повторно во печатница, малку се дотерува ќе излезе одтаму со фондот за дислексија како би била поддршка за тие дечиња, запознајте ја во ова едноминутното видео на следниот линк. Предначаки за третото издание можете да направите преку порака на следните социјални медиуми Instagram @ana.saltirova.davidovski и FB page @licenizbor.

*Ана Салтирова Давидовски е магистер по менаџмент на човечки ресурси, 18+ години искуство во развој на човечки ресурси, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој, Автор, исто така ја покрена и кампањата @LicenIZBOR која што има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода во која креира материјали за личен развој како и материјали за родители/деца. Таа е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, една од иницијаторите за формирање на огранокот за коучинг при Македонската асоцијација за човечки ресурси и активна е на повеќе проекти за развој на човечките ресурси во Македонија и промоција на професијата.
LinkedIN https://www.linkedin.com/in/ana-saltirova-davidovski/
Instagram @ana.saltirova.davidovski
Facebook @licenizbor
Слободни материјали: https://linktr.ee/licenizbor

 

Поддржете ја нашата работа: