ОН: Бројот на шумски пожари во светот драстично ќе се зголеми до крајот на векот

Бројот на големите шумски пожари низ светот драстично ќе се зголеми во наредните децении поради глобалното затоплување, а владите не се подготвени за справување со последиците од уништувањата од таквите екстремни пожари, предупредија ОН.

„До крајот на векот, веројатноста за шумски пожари слични на летото во Австралија 2019-2020 година или огромните пожари на Арктикот во 2020 година, кои ќе се случат во дадена година, веројатно ќе се зголеми за 31-57 проценти“, се наведува во извештајот нарачан од Програмата на Обединетите нации за животна средина.

Дури и најамбициозните напори за ограничување на емисиите на стакленички гасови нема да спречат драматичен пораст на зачестеноста на екстремните услови на пожари, се заклучува во извештајот.

Поддржете ја нашата работа: