Опсесивното размислување за коронавирусот доведува до сериозни психички нарушувања

Со појавата на коронавирусот дојде до експлозија од информации во медиумите. Неизвесната и еволуциона природа на пандемијата, доведува до постојани новости што влијаат на секојдневниот живот и честопати предизвикуваат анксиозност.

Новото истражување објавено во списанието „ Brain, Behaviour and Immunity“, посочува дека опсесијата со коронавирусот може да доведе до голем број психички проблеми.

Со појавата на коронавирусот дојде до експлозија од информации во медиумите. Неизвесната и еволуциона природа на пандемијата, доведува до постојани новости што влијаат на секојдневниот живот и честопати предизвикуваат анксиозност. Авторот на истражувањето, Ширмен А. Ли, сакал да ги истражи обрасците на размислувањата кои се однесуваат на Ковид-19, и да ги идентифицира кога ќе станат загрижувачки пишува „ PsyPost.“.

Ли испитал како опсесијата со коронавирусот влијае врз човечката психа и заклучил дека тоа доведува до психолошки проблеми, како што се самоубиствени идеи, консумирање алкохол или дрога, психолошки кризи и анксиозност.

При истражувањето се испитувале податоци од два примерока, од мажи и жени кои живеат во САД. Првиот примерок бил собран од 11 до 13 март и опфаќал 775 возрасни личности – на возраст од околу 30 години. Додека вториот примерок бил собран од 23 до 24 март и опфаќал 398 возрасни – на возраст од 32 години.

Ли ги анализирал податоците и идентификувал четири модели на прекумерно размислување за ковид-19. Статистичките анализи откриле дека четирите модели биле многу сигурни и биле користени за да се утврди опсесијата со Ковид-19. Учесниците во студијата генерално изјавувале:

„Бев вознемирен затоа што мислев дека можеби сум заразен со коронавирус“, „Имав вознемирувачки мисли, бидејќи мислев дека одредени луѓе кои ги сретнував можеби имаат коронавирус“, „Не можев да престанам да размислувам за коронавирусот“ и „Постојано сонував за вирусот” и слично.

Ли објаснува: “Разумното ниво на загриженост и размислување за информациите добиени за коронавирусот може да им помогне на луѓето како да останат на сигурно и да се заштитат, но опсесивното размислување може да биде премногу опасно и да донесе низа психички проблеми”.

Поддржете ја нашата работа: