Колку повеќе едно лице постира на социјалните медиуми, толку повеќе се однесува како стаорец кој бара храна за да преживее!
Неодамнешна студија објаснува дека луѓето кои објавуваат на социјалните мрежи го условуваат својот мозок да го бараат истото чувство како потреба од награда што го имаат стаорците кога бараат храна.
Меѓународниот тим на научници користел технолошки модел за пресметување кој им помогна да откријат директна корелација помеѓу бројот на објави кои лицето ги постира на социјалните мрежи и количината на „лајкови“ што ги добива.
Тимот потоа го споредил ова со тоа како се однесуваат стаорците кога бараат храна, а откако ќе ја најдат се чувствуваат како да се наградени за трудот. Нивната студија е објавена во списанието „Nature Communications“.
Ова истражување отвора пат за понатамошни студии за тоа како социјалните мрежи можат да бидат штетни за менталното здравје на луѓето.
Како тимот ги поврзува стаорците со луѓето кои објавуваат на социјалните мрежи?
Двегодишната студија покажа дека истражувачите анализирале збир на податоци од над еден милион објави на околу 2.000 корисници на Инстаграм, како и околу 2.000 објави на други социјални мрежи.
Потоа, 176 волонтери за потребите на студијата користеле онлајн платформа која го имитира системот на Инстаграм, објавувајќи содржина и комуницирајќи едни со други на страницата за да „лајкуваат“ и за возврат да бидат „лајкувани“. Истражувачите манипулирале со стапките на „лајкови“, додека волонтерите за тоа ниту знаеле, ниту пак биле свесни.
Она што тимот го откри е дека кога учесниците добиле поголема количина на позитивни повратни информации од своите објави, тогаш почесто споделувале објави.
Причината поради која ова однесување се споредува со стаорци е поради фактичкото однесување на глодарите кога се наоѓаат во Скинер кутија. Создадена во 20 век од научникот Б.Ф. Скинер, кутијата е алатка која што се користи за проучување на класичното уредување.
Функционира така што ги наградува стаорците во кутијата со храна откако ќе извршат задачи, како што се притискање на рачката.
Во овој случај каде има луѓе, Skinner Box е интернетот, рачката е секоја објава, фотографии или слично, додека наградата е „лајкови“, а луѓето стаорци.
Малку е лоша споредбата човек – стаорец, но поентата е таа што треба да биде.
Тимот, сепак, истакна дека нивната студија не треба да докаже дека луѓето и стаорците се исти, или дека луѓето кои објавуваат на социјалните мрежи страдаат од негативни ефекти.
Она што истражувачите се надеваат е дека направиле одлична работа која на други истражувачи ќе им отвори пат за идни студии на тема како користењето социјални мрежи потенцијално може да им наштети на своите корисници.