Што мислите за вештачка крв подобра од природната ?

Се повеќе модерната медицина наликува на некои епизоди од научно фантастичните филмови.

Идејата за производство на вештачки црвени крвни зрнца не е нова и до сега се произведени повеќе типови на вештачки црвени крвни зрнца.

Научниците во светот со години се обидуваат да развијат синтетички црвени крвни клетки кои ги имитираат поволните својства на природните, како што се флексибилноста, транспортот на кислород и долгиот период на циркулација. Но, досега, повеќето вештачки црвени крвни зрнца имаат една или неколку, но не сите, клучни карактеристики на природните верзии.

Сега, истражувачите кои известуваат во ACS Nano направија синтетички црвени крвни клетки кои ги имаат сите природни способности на клетките, плус неколку нови.

Новитетот во материјалите објавени во Американското ACS Nano е тоа што за првпат научниците произвеле вештачки црвени крвни зрнца кои ги имитираат сите поволни својства на природните, како што се флексибилноста, транспортот на кислород и моќноста за долг период на живот во циркулацијата плус истите имаат и дополнителни својства што природните црвени крвни зрнца ги немаат и истите може да се употребат за третирање и детекција на бројни болести како кај луѓето така и кај животните.

Во експериментите извршени кај глувци се покажало дека синтетичките црвени крвни зрнца биле активни во циркулацијата и после повеќе од 48 часа, без забележлива токсичност за организмот на глушецот.

Истражувачите исто така употребувајќи едно од новите својства на овие клетки ( можноста да носат товар ) ги натовариле истите со повеќе различни хемикалии како што се: хемоглобин, антиканцероген лек, хемикалии сензитивни на токсини кои може да служат како сензор за токсини како и со магнетни наночестички и истите успешно ја докажуваат способноста дека новите синтетички црвени крвни зрнца можат да носат товар.

Тимот научници исто така покажал дека новите синтетичките црвени крвни зрнца можат да дејствуваат и како мамки за бактериски токсини.

Идните студии ќе го истражат потенцијалот на вештачките клетки во медицински апликации, како што се терапии за лечење карциноми како и детекција на различни токсини

Поддржете ја нашата работа: