“Работи“ ли мозокот на жените поинаку од мозокот на мажите? Еве што мора да знаете

Веќе долго се верува дека жените и мажите различно ги процесуираат информациите и поинаку делуваат, но нова студија што ја спровел тим на научници од Стенфорд, го потврдува ова сомневање.

“Користејќи ги тие гени, успеавме да идентификуваме група на клетки во мозокот што управуваат со специфичното сексуално однесување“, појаснува авторот на студијата, проф. Нирао Шах.

За да ја потврдат точноста на податоците, научниците проучувале различни структури на мозокот кај глувци за кои се знае дека ги програмираат сите однесувања поврзани со спротивниот пол (проценка, врзување и омраза). Овие типични сексуални однесувања им помагаат на животните да се парат и да ги одржат новните потомци живи.

По анализа на ткиво земено од структирата на мозокот, научниците откриле повеќе од 1000 различни гени кои се многу поактивни во мозокот на едниот пол, а дополнително истакнуваат дека тимот открил повеќе од 600 разлики во активирањето на гените кај жените, во зависност во која фаза од менструалниот циклус се наоѓаат.

“Да се пронајдат меѓу структурата на мозокот неколку стотици гени чие ниво на активности зависи од циклусот во кој е жената е целосно изненадувачки“, вели проф. Шах.

Истражувањето исто така, дало увид во тоа зошто одредени болести почесто“„напаѓаат“ одреден пол. На пример, откриле гени поврзани со Алцхајмерова болест и мултипла склероза, состојби кои почесто се јавуваат кај жените отколку кај мажите.

Исто така, се чини дека аутизмот е состојба која ќе биде четири пати почесто присутна кај мажите. Научниците сметаат дека кај жените некои гени треба да бидат поактивни, а некои кај мажите.

Поддржете ја нашата работа: