Во Финскиот залив, помеѓу Санкт Петербург и Кронштат, се наоѓа тврдина што го носи името на рускиот цар Александар I.
Вештачкиот остров на кој е изградена тврдината е направен со помош на масивни носачи закопани во дното над кои е поставена основа од бетон, песок и слоеви гранит.
За време на својата турбулентна историја, тврдината била поморска извидничка точка, место за фрлање шут и други материјали, центар за нелегални рејв и техно забави, но и веројатно најинтересно, место каде што се истражувале заразните болести и кадешто е откриена вакцина против чумата.
Комплексот се состои од главна зграда со централен плоштад. Елиптичната зграда од три ката можела да собере 1.000 војници, а можело да се сместат и стотина топови. Целта било, да се заштити царството, а пред сѐ, тогашната престолнина, Санкт Петербург. Но, иако тврдината била во одлична позиција за одбрана на градот, таа никогаш не била ангажирана во директна борба.
Токму затоа што не се „покажала“ како корисно воено утврдување, веднаш влегла во потесен избор за место каде што би можеле да се постави истражувачки центар и лаборатории.
Кон крајот на 19 век докторот Александар Јерсин го открил патогенот на чумата (1884), а руската влада веднаш формирала посебна комисија за спречување на ширењето на болеста и научен тим кој ќе се занимава со „бактериологија “.
Изолацијата на тврдината се покажала како апсолутно идеална за да се преселат научниците. Просториите првпат биле претворени во лаборатории во јануари 1897 година, како дел од Империјалниот институт за експериментална медицина.
Во реновираната тврдина имало сѐ – од големи печки за кремирање на животни на кои се правеле експерименти, до соби за изолација, библиотека, штала за коњи за добивање серум и сл.
Тврдината Александар го добила прекарот „Чума на тврдината“ затоа што четворица научници се заразиле со чума во неа, а двајца од нив починале помеѓу 1904 и 1907 година. Откако сè презеле комунистите, во 1917 година, лабораторијата во тврдината Александар била затворена, а научниците преместени во институциите низ земјата.
Денеска руската морнарица таму складира опрема и поправа големи бродови, а местото може да го посетат и туристи.