Еден британски универзитет наскоро ќе има предавања од професори кои се наоѓаат на другата страна од светот, пишува порталот Mashable.
Универзитетот „Лоубороу“ во Лестершир, Англија, ќе нуди предавања од Технолошкиот институт во Масачусетс со помош на холограми. Предавањата ќе бидат од областа на спортската наука, а ќе бидат наменети за студентите запишани на модни студии. На нив ќе може да присуствуваат и студентите по менаџмент.
Од универзитетот велат дека новоста ќе им помогне во целите за одржливост бидејќи ќе го намалат бројот на летови за гостување на професори од странство.
Предавањата со холограми ќе станат дел од програмата во 2025, а годинава ќе се одржуваат тест-предавања. Холограмите ќе се проектираат во предавалните со помош на компанијата „Прото“.
Hologram lecturers thrill students at trailblazing UK university https://t.co/F9vgTFqJVU
— Guardian Universities (@GdnUniversities) January 21, 2024
Извор: Mashable