Астрофизичарите кои ја анализирале позадината на космичките микробранови и светлината која останала после големата експлозија (Биг Бенг), сметаат дека нашиот универзум може да биде огромен и комплексен холограм.
За оваа теорија постојат доста докази, исто како за традиционалната идеја за структурата на универзумот, тврдат астрофизичарите од Универзитетот Саутемптон, кои соработувале со колегите од Канада и Италија.
Она што го гледаме како наш универзум, може да се спореди со она што го гледаме како 3D филмови во кино. Исто како на филм, ние ја чувствуваме длабочината на предметот кој е прикажан, иако знаеме дека тој доаѓа од рамен екран.
Нашиот универзум би можел да биде поубедлива верзија на истите работи, што значи дека можеме да ги допираме објектите кои изгледаат и се однесуваат како да се вистински.
Идејата, дека универзумот е холограм се појавува уште во 90-тите години. Таа сугерира дека сите информации (она што мислиме дека го гледаме како реалност и време), всушност се наоѓаат на рамна површина и во рамките на своите граници.
Замислете дека сè што гледате, чуствувате и слушате во три димензии всушност доаѓа од рамна дводимензионална низа.
“Идејата е слична како кај обичните холограми, каде тродимензионалната слика се добива од дводимензионална површина,на пример како кај холограмот на кредитните картички “, вели Костас Скендерис, професор по математика на Универзитетот Саутемптон.
Ова истражување би можело да спои два главни делови од нашето разбирање на физиката – теоријата за релативност и квантната теорија.
“Холографијата е голем чекор напред во начинот на кој ја сфаќаме структурата и создавањето на нашиот универзум“, додава Скендерис во соопштението.