„Фајзер“ не запира, ќе тестира КОВИД вакцини и на БЕБИЊА

Компанијата Фајзер објави дека ќе го прошири тестирањето на својата вакцина против Ковид-19 на деца помлади од 12 години, пренесува „Гласот на Америка“.

Фармацевтската компанија, заедно со нејзиниот германски партнер Бајонтек, ќе тестира 4500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија.

На деца на возраст од 5 до 11 години ќе им се дадат две дози од по 10 микрограми, што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.

Тестирањето на новороденчиња од 6 месеци ќе започне за неколку недели, а тие ќе добијат доза од 3 микрограми.

Резултатите од тестирањето за вакцини кај деца од пет до 11 години ќе бидат готови до септември, а наскоро потоа резултатите од студијата кај помладите деца, пишува „Гласот на Америка“.

Вакцината „Pfizer-Bayontek“ веќе е одобрена за итна употреба за деца од 12 години и постари во САД и Европа.

Поддржете ја нашата работа: