“Мамо, зарем треба ова повторно да го носам? Ме боли устата”, и вели Норик (5) на својата мајка Игбал, додека ја става малата маска која служи за заштита од загадениот воздух на своето лице.
“Навистина сум загрижена за здравјето на моето дете и секогаш го проверувам нивото на загаденост преку апликацијата “Мој Воздух” пред да излезам надвор, особено во зима, кога воздухот е најзагаден.
Поради тоа не смеам да му дозволам на моето дете да излегува надвор, а познавам и родители кои дури не ги носат своите деца на училиште на неколку дена заради тоа. Ние родителите сме принудени да им кажуваме на децата дека се суперхерои за да не послушаат и да стават маски. Навистина е премногу тешко и тажно да му се објасни ситуацијата на секое дете”
Вака Игбал Ферати, специјалист за финансии го објаснува вообичаениот работен ден во Скопје, нашиот град кој често се соочува со опасни нивоа на загадување на воздухот во текстот објавен на страниците на веб-сајтот на Обединетите нации за животна средина UNEP.
Скопје, нашиот град со повеќе од половина милион луѓе, беше ставен на листата на Светската здравствена организација (СЗО) меѓу градовите во Европа со најголема концентрација на штетни ПМ2.5 во воздухот – покажуваат податоците на програмата UNEP.
Во однос на средните концентрации на ПМ10 и ПМ2.5, базата на податоци во однос на загадувањето на воздухот на СЗО го стави Скопје на првото место како најзагаден град за 2018 година.
Од организацијата велат дека 2,574 лица годишно умираат пред време како последица од загадениот воздух.