Во 1940-те години, руски научници успеале да одржат во живот пресечени глави на кучиња преку вештачки систем на циркулација на крвта. Во 2005 година, американски научници се обиделе со нешто слично.
Во 1901 година, кога медицинските истражувања не се придржувале многу до етиката, д-р Данкан Мекдугал се обидел да докаже дека човековата душа има маса и дека таа може да се измери.
Во 1955 година, во Русија, д-р Владимир П. Демиков успешно засадил помала глава на телото на едно поголемо куче. Кучето со две глави живеело 29 дена.
Постојат многу докази дека одредени земји вршеле експерименти врз своите граѓани, како на пример, проектот на ЦИА (Project MK-Ultra) за контролирање на човековиот ум, прскање со бактерии, вградување чипови и сл. Погледнете ги овие 10 најморничави експерименти во историјата на науката.