100 пати поевтино производство на графен

Сега, истражувачите од Универзитетот во Глазгов во Шкотска пронајдоа начин за производство на високо квалитетен графен 100 пати поевтин од претходните методи.

Во моментов, најчестиот метод за производство на графен е хемиски процес на таложење со помош на пареа, при што гасовитите реактанти се претвораат во графен, на специјална површина позната како супстрат. Супстратот е секогаш некој скап материјал, како платина, никел или титаниум карбид. Овие материјали се мазни поради што овозможуваат производство на високо квалитетни плочи графен, но се многу скапи поради што графенот не може да се користи во повеќето индустрии.

Од неодамна, научниците почнаа да користат бакар за да ја намалат цената, но и бакарот треба да се обработи, така што и тоа не е евтино. Наместо тоа, истражувачите од Универзитетот во Глазгов користеле фолии од бакар, кои се евтини и веќе се користат во производството на литиум-јонските батерии. Тие се доволно мазни, не им треба дополнителна обработка и се покажале ефикасни за изработка на високо квалитетен графен. Покрај тоа, за време на тестирањата, графенот покажал оптички електрични својства, што го прави дури и попогоден за употреба отколку графенот произведен со скап супстрат.

Овој комерцијално достапен бакар се продава по цена од 1 долар за квадратен метар, во споредба со околу 115 долари за слична количина на бакарот кој се користи во сегашното производство, велат истражувачите. Покрај тоа, на поскапата форма на бакар и е потребна дополнителна подготовка што дополнително ги зголемува трошоците.

Овој процес на евтино производство на графен не носи чекор поблиску до создавање на прифатливи електронски уреди со широк спектар на примени. Научниците ќе може да почнат да го користат графенот за новите иновации, високо технолошки филтри и материјали, како и медицински помагала.

Истражувањето е објавено во „Scientific Reports“.

Поддржете ја нашата работа: